„Фестивалот на биодиверзитет: коктел на вкусови“ ќе се одржи на 17 јуни, сабота, а третото издание на фестивалот ќе понуди целодневна дегустација на автентична храна.
Во Паркот на Франкофонијата, од 12 часот напладне до 20 часот, 40 македонски производители на автентична храна ќе се претстават со храна и алкохолни пијалаци.
Ќе бидат презентирани гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, традиционални козји и кравји, како и сувомеснати производи сушени на дрва.
Освен дегустација на производите, кои ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, а коктел-мајстори ќе приговуваат коктели од пијалоците на локалните производители.
Организаторите „Слоу фуд Водно“ најавуваат и катче со работилници од идеата за Училишни градини на „Слоу Фуд“ за најмладите.
„Слоу фуд Водно“ го организира фестивалот со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Фестивалот требаше да се одржи на 3 јуни, но беше презакажан поради нестабилните временски услови.