386 новозаболени од Ковид-19 и шест починати изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа регистрирани се 386 нови случаи на Ковид-19, од вкупно направени 2.267 тестирања.

Новите случаи, според градови се регистрирани во: Скопје-178, Струмица-44, Прилеп-20, Гевгелија-18, Куманово-18, Тетово-13, Битола-13, Кочани-10, Струга-9, Штип-8, Крива Паланка-7, Берово-7, Охрид-7, Велес-5, Гостивар-4, Кичево-4, Радовиш-4, Кавадарци-3, Свети Николе-3, Валандово-3, Виница-2, Неготино-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1,  Дебар-1, Делчево-1.

Изминатово деноноќие во болнички услови починати се 6 лица. Два пациенти од Скопје (двајцата на 67 години), пациентка од Тетово (72), од Битола (44), Струга (62) и Свети Николе (81).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, бројката на оздравени пациенти е 16.009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.373.

Од Министерството за здравство информираат и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Направените 2267 теста се преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-515,  Биотек-277, МАНУ -143, Жан Митрев (Филип Втори)-424, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-89, Инфективна клиника-10, ГАК-16, Синлаб-31, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.