23 новозаразени и 4 починати лица од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 23 нови случаи на КОВИД-19 и тоа девет во Скопје,  по три во Куманово и Прилеп, по два во Струмица и Кичево, а по едно новозаразено лице е пријавено во Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш.

Од министерството известуваат дека во последното деноноќие се пријавени четири починати лица, односно три лица од Скопје на возраст од 76 до 77 години, но и едно починато лице од Куманово на 71 година. Сите лица починале во болнички услови.

Регистрирани се  и 32 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451“, се вели во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања.