11 починати и 410 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 10 лица. Починале 6 лица од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г) и по едно лице од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови“, се додава во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 410 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 185 случаи во Скопје, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8 и по 6 во Крива Паланка и Пробиштип.

Потоа, регистрирани се по 5 случаи на Ковид-19 во Радовиш, Валандово и Демир Хисар, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2 и по 1 во Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти, односно од Скопје – 156, Битола – 26, Куманово – 14, Кавадарци – 10, Прилеп и Охрид – по 9, Струмица и Штип – по 8, Неготино – 6, Гевгелија и Македонска Каменица – по 5, Делчево – 4, Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен – по 3, Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2 и по 1 од Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.674 тестови.