11 починати и 153 нови случаи на Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа регистрирани се 153 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 1.549 тестирања.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица. По 2 починати лица од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени  две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови“, додаваат од Министерството за здравство.

Тие информираат и дека претходното деноноќие регистрирани се 309 оздравени пациенти.

Направените 1.549 тестови се преку: ИЈЗ-31, ЦЈЗ Скопје-10, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-52, Биотек-77, Систина-57, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-226, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-28, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 983.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.

Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Ковид-19.