[Видео] Дискусија за младите, иселувањето и протестите

Во време кога младите масовно се иселуваат од земјава, а протестите се наше секојдневие, ги отвораме прашањата за причините за иселување, но и за причините за протест. Зошто младите протестираат или треба да протестираат? Дали младите луѓе во земјава ќе имаат перспектива и причини утре да останат во Македонија?

Ова се само дел од темите за кои зборуваме во дискусијата и отвореното студио на Радио МОФ на тема: младите, иселувањето и протестите. На дискусијата учествуваат: Горјан Трајковски од Студентски пленум, Дамјан Здравев од Реактор – Истражување во акција и Дона Костуранова од Младински образовен форум.