„Скопје 2014 низ призмата на граѓаните“ – дискусија во кампот пред Влада

„Скопје 2014 низ призмата на граѓаните“ е насловена дискусијата која денеска ќе се одржи во Кампот на слободата, на 13-тиот ден од поставувањето на шаторите пред Влада.

На дискусијата ќе говорат универзитетските професори Небојша Вилиќ и Елеонора Петрова Митевска, Даница Павловска од иницијативата „Го сакам ГТЦ”, граѓанските активисти Владимир Вангелов и Александар Вујиќ, есеистот и критичар Роберт Алаѓозовски,  како и Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

По дискусијата, на бината во кампот пред Влада, од 20:30  до  22:00 часот ќе настапи Aмон Мра. Во кампот денеска продолжуваат редовните активности како и хуманитарниот базар.

Веќе 13 дена, неколку стотини граѓани и активисти кампуваат пред владината зграда со барање за оставка на сегашната Влада и итно формирање преодна Влада која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен Јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија.