Звуците на четири флејти ја отворија меѓународната музичка школа во Струмица

Струмица топло ги пречека младите музичарите од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Косово кои ќе бидат дел од третата интернационална музичка школа „Струмица 2013”. Со одличен концерт синоќа во  фоајето на Центарот за култура “Антон Панов” беше отворен годинешниот настан.

Звуците на четири флејти ја отворија меѓународната музичка школа во Струмица

На него се претставија талентираните мизичари од квартетот флејти „АУЛОС“, а четрите грации на радост на публиката ја исполнија просторијата со нежните звуци на своите инструменти. Ансамбалот “АУЛОС” на музичката сцена во Македонија е присутен веќе 6 години, а сите членови се студенти и дипломирани музичари на ФМУ – Скопје, во класата на проф. Страшо Темков (флејта) и Г. Јосифова Неделковска (камерна музика). Квартетот го сочинуваат Марија Јакимовска, Ангелина Катмерова, Александра Тевдоска и Билјана Камчева, сите млади и надежни музичари.

Но тоа што се случи синоќа е само првиот концерт од повеќето најавени во Струмица следните шест дена во рамките на школата. Младите музичари ќе посетуваат предавањата за дувачки инструменти и ќе слират за струмичката публика.

Директорот на Центарот за култура „Антон Панов”, Иван Јовев им посака топло добредојде на сите учесници, а им се заблагодари на професорите како Гошев и Живков, кои што прифатиле да бидат дел од оваа музичка школа.

Според еден од професорите кои ќе држат предавања во оваа школа, Струмица е место каде што има многу музички таленти и од каде што  постојано извираат нови.  Целта на годинешната школа, но и на професорите кои допатуваа во земјава, е како што велат и самите, музичка Европа да ја донесат во Струмица, а потоа и насекаде во Македонија.

Музичка школа ќе трае до 28-ми август, а љубителите на класичната музика можат секоја од овие вечери да ги следат младите музички таленти.

Данче Азманова