„Звукот на идната генерација“ – талентирани студенти со концерт во Филхармонија

Традиционално, и оваа година, Филхармонијата ќе одржи концерт на кој како солисти ќе настапат талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава, кои се избрани по пат на аудиција.

Концертот насловен „Звукот на идната генерација“, под диригентство на маестро Борјан Цанев, ќе се одржи на 6-ти јуни (четврток) со почеток во 20 часот во Концертната сала на Филхармонијата.

На програмата се дела од Меркаданте, Бојаџиев, Рахмањинов, Крусел и Брамс, а ќе настапат студентите: Јана Каевска – флејта (проф. м-р Страшо Темков), Стефан Илиев – труба (проф. м-р Васо Ристов), Иван Трајковски – пијано (проф. д-р Марија Ѓошевска), Ангел Селим – кларинет (проф. м-р Стојан Димов) и Ева Богоевска – виолина (проф.м-р Олег Кондратенко).

Во текот на месец јуни, Филхармонија ќе одржи уште два концерти во Градскиот парк, под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“.