„Звуците на културата“ во Ѓорче Петров со концерти, претстави, перформанси

Од  10 до 23 септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“, На неа ќе настапат македонски музички бендови и изведувачи, а најавен е и базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалоци од локални производители.

На „Звуците на културата“ ќе настапат: Игор Џамбазов и Гуру Харе, ПМГ Колектив, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, мјузикл Коштана, Милко, Летечки Пекинезери и многу други.

Манифестацијата ќе се одржи во паркот во Ѓорче Петров.