„Зум“ забранет за наставниците во Сингапур по објави на експлицитни фотографии од непознати лица

Сингапур го суспендираше користењето на видео-конференциската програма „Зум“ (Zoom) од страна на наставниците откако се појавиле „многу сериозни инциденти“ во првата недела на изолацијата поради коронавирусот откако училиштата почнаа да водат настава од дома.

Еден инцидент вклучувал експлицитни фотографии кои се појавувале на видеата, додека во друга ситуација непознати машки лица кои пишувале сексуални вулгарности за време на стримањето на час по географија со ученички, пренесува Гардијан.

„Ова се многу сериозни инциденти. Министерството за образование ги истражува двата случаи и ќе поднесеме соодветни поднесоци до полицијата. Како превентивна мерка, нашите наставници ќе го суспендираат користењето на „Зум“ додека овие безбедносни проблеми не бидат надминати“, изјавил министерот за образование и технологија, Арон Лох.

Лох додал и дека министерството во иднина ќе ги советува наставниците да користат безбедносни протоколи, како задолжително логирање и да не се споделуваат линкови од видео-часовите надвор од учениците во класот.

Од компанијата „Зум“ соопштиле дека се вознемирени поради овие инциденти, додавајќи дека „се посветени на обезбедување на сите потребни алатки на едукаторите за сигурна и безбедна платформа“.

„Зум“ се покажа како најпопуларна платформа за време на кризата со коронавирусот, но истовремено се соочи со многу критики за проблемите со безбедноста и приватноста на корисниците.

Вчера смртните случаи од корнавирусот ја надминаа бројката од 100 илјади лица, додека во светот досега се регистрирани 1,7 милиони заболени од Ковид-19.