ЗУМ – вечер на краткиот филм во Магор

1800402_10204880115669978_3722570162654031497_nЗУМ – вечер на краткиот филм 2014 во Скопје е едукативна вечер посветена на краткиот филм која има за цел поблиску да ја запознае македонската публика со филмските продукции на младите режисери од меѓународната сцена.

Настанот ќе се одржи во понеделник (10 ноември) од 21:оо до 23:30 часот во Кафе-книжарница Магор во Скопје.

Сите филмови ќе бидат прикажани на оригиналните јазици со титлуван превод на англиски.

Организатор на ЗУМ – Вечер на краткиот филм 2014 е Љубљанскиот меѓународниот фестивал за краток филм во соработка со Кафе-книжарница Магор.

Влезот за сите проекции е слободен.

Филмската програма може да ја проследите подолу.

1146798_10204880123710179_30563221720336350_o