„Зостер“ на 11 август во Македонска Каменица

Три години подоцна, реге-составот „Зостер“ на 11 август се враќа во Македонска Каменица.

„Бендот чии настапи во живо се доведени до перфекција доаѓа на ‘True Sound of Kamenica Festival 4’ и од нашата фестивалска сцена уште еднаш ќе испратиме порака дека се потребни силни општествени промени. Ќе испратиме пораки за поголема толеранција, мир, прогрес, афирмација, љубов и едукација“, велат организаторите од „True Sound of Kamenica Festival“.

Според нив, Македонска Каменица на 11 август повторно ќе звучи фино и на вистински начин ќе промовира вистински вредности и урбана култура.

Исто така, вечерта е најавен и македонскиот бенд „KI“, кој за првпат ќе настапи на фестивалот.

Инаку, „Зостер“ е група од Босна и Херцеговина формирана во 2000 година. Позади себе има четири студиски албуми и се добро познaти низ регионот низ уживателите на реге музиката. Името „Зостер“ настанува откако вокалистот Марио добил херпес зостер, вирус кој живее во човечкото тело, а се покажува при пад на имунитетот, манифестирајќи се на површината на кожата во вид на осип и, со време, се шири. Групата „Зостер“ настана како последица на падот на имунитетот на општеството.