Зошто протестираат Бразилците?

Демонстрациите против зголемените цени на превозот во Бразил прераснаа во генерален протест против власта. Бразилците се сити од своите политичари, меѓу другото и поради организацијата на Светското фудбалско првенство, анализира Дојче веле.

„Ова се претежно млади луѓе, не сосем сиромашни, не екстремно богати, туку оние во средината“, вели социологот Кандидо Гржибовски за демонстрантите.

Големи протест во Бразил поради скапиот живот и корумпираната властГолемите протести ви Бразил започнаа поради зголемувањето на цените на билетите за превоз во јавниот сообраќај, за околу седум центи. Потоа незадоволствто ексалираше поради високите трошоци за живот, корупцијата и државниот неуспешен менаџмент, но и поради потрошените пари на Светското првенство во фудбал.

Иако надлежните сметаа дека фудбалот е поголем од незадоволството, Бразилците и натаму протестираат на најголемите вакви демонстрации во последните 2 децении.Со народот сега се солидаризираа и дел од фудбалерите.

Зошто протестираат Бразилците?

Реновирањето на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро ќе  чини 360 милиони евра наместо планираните 230 милиони иако во претходните 15 години двапати беше саниран и беа потрошени дополнителни 220 милиони евра. Од мај е познато – познатиот претприемач Еике Батиста, чиј имот се проценува на 30 милијарди евра и мултиконцернот Одебрехт смеат да стопанисуваат со стадионот настрана од Светското првенство. Ова, заедно со корумпираноста, кај Бразилците предизвика чувство на револт спрема државата.

Иако благодарение на економскиот подем во последните 15 години голем дел од населението ја избегна екстремната сиромаштија,  многумина имаат проблеми да го одржат животниот стандард поради инфлацијата, а животните продукти чинат повеќе отколку во Германија. Килограм домати чини околу 4 евра. Шансите за напредување на социјалната скала со сопствен труд се ограничени.

Зошто протестираат Бразилците?

Кај многу луѓе се роди надеж дека со добивањето на организацијата на Светското фудбалско првенство во 2014 година, ќе дојде до подобрување во јавниот превоз. Но, додека трошоците за стадионите пораснаа од две на три милијарди евра, вложувањата во важниот транспортен сектор се минимални. Од претходно предвидените 11 милијарди евра, во инфраструктурата ќе се влеат само девет милијарди евра.

Последниот пат кога земјата се разбуди, Бразилците го принудија корумпираниот претседател Фернандо Колор де Мело на оставка. Тоа беше во 1992 година. Сега активистите преку интернет платформата „Авааз“ собраа стотици илјади гласови против Дилма Русеф. Меѓутоа, претседателката ги фали размерите на протестите како „сила на бразилската демократија“ и за разлика од нејзиниот турски колега Ердоган, застана на страната на демонстрантите.