Зошто отворениот пристап може да биде клучно прашање за универзитетските лидери

Универзитетите се подлабоко нурнуваат во дигиталните информации. Време е високите функции на универзитетите да се отворат – и покрај последиците – заради кои се загрижени.

Зошто отворениот пристап може да биде клучно прашање за универзитетските лидери

Универзитет денес е дигитални машини. Но многу од одлуките кои треба да се донесат како резултат од тоа, не се воопшто технички. Тоа се однесува на природата на истражувањата и на нивната корист во јавноста, околу тоа како се одвиваат учењето и предавањата, и како да се спротивставиме на етичките прашања. Стратешките одлуки кои сега се прават, ќе имаат значајно влијание врз начинот на кој знаењето ќе се создава и споделува во иднина.

Можеме да управуваме со универзитетите и без дигиталните системи преку кои се вршат исплати на платите, запишувањето на студентите, финансиите и распоредот на предавања. Нашите библиотеки денес повеќе трошат на електронски изданија отколку на печатени. Достигаме до огромен број на студенти онлајн користејќи ги сепозначајните дигитални медиуми. Но кога широкопојаните врски денес се онолку важни колку и потребата за струја и паркирањето, тогаш пред нас стојат критички одлуки.

Централно за ова е отвореноста – до степен во кој оние кои студираат и работат во рамките на системот на универзитети и колеџи, можат да стигнат до која било дигитална информација која им е потребна, без да минуваат низ виртуелниот пристап: лозинка, барање на регистрација или плаќање.

Барањата за плаќања или лозинките не иритираат, но се природна последица од приватизацијата на мрежата; тие се исто така важни за онлајн безбедноста. За иднината на истражувањата, сепак, потребата од отвореност е далеку повеќе отколку последица. Таа расте затоа што денес количината и стапката на продукција на онлајн публикакции и дигитални податоци ги надминува границите на конвенционалните истражувачки методи, и го менуваат начинот на кој се создава новото знаење. Без отвореност преку глобалните дигитални мрежи, се сомневам дека големите и комплексни проблеми во области, како што се економијата, климатските промени и здравјето, ќе бидат решени.

Постојат две основни причини зошто се случуваат овие промени во истажувањата:

1. Огромната количина на нови, поединечно објавувани изданија е веќе толку голема за мануелно користење во многу полиња на истражувањата. Во медицината, на пример, секоја минута излегуваат повеќе од два нови изданија. Количината на објавени истражувања доминантно доаѓаат од Кина и Индија, растечките џинови во истражувањата на универзитетите.

Пред триесет години, кога денес постарите истражувачи беа на почетокот на нивните кариери, големите универзитети и библиотеки можеа да примат печатени копии од сето она што се објавуваше во одредена дисциплина; денес многу истражувачи немаат ниту потреба да влегуваат во зградите на библотеките.

2. Наглиот пад на цената на широкопојасните врски, дигиталните складирања и капацитетите на обработка, заедно со восхитувачката стапка на технички иновации, дозволува масивен, скоро инстант проток на дигитални податоци низ светот. Во многу случаи, овие протоци се постојано напојувани од направи меѓусебно поврзани како „меѓумрежа од апарати“. Некои од овие направи се високо софистицирани – на пример, сеизмички мерење во реално време, кои се прават за предвидување на цунами и земјотреси. Други пак се веќе вообичаени – граѓани новинари кои со помош на паметни телефони аплоудуваат фотографии или милиони дневни финансиски трансакции, преку кои се следат економските трендови.

Овие масивни дигитални текови се нов материјал за истражување. За повеќекомплексните проблеми, како што се климатските промени, епидемиологијата, финансиската стабилност и истражувањето на вселената, пристапот го глобалните податоци се веќе основен услов истражувањата воопшто и да се вршат.

Протоколи

Соодветни и ефикасни политики и протоколи кои ќе обезбедат отвореност, се клучни во обезбедувањето пристап и до изданијата за истражувања, и до огромните комплети од дигитални податоци. Автоматските пребарувања на податоците за изданијата не се одржливи ако барањата за претплата и плаќањата постојано го спречуваат пристапот до копија од примероците. Токму затоа, сегашните дебати околу „зелениот“ отворен пристап – кој го овозможуваат складиштата на информации – и „златниот“ отворен пристап – кои го овозможуваат медиумите – и наплатата за обработка на текстовите, се толку важни.

Пристапот до огромните количини на комплети податоци се комплексни и полни со стапици. Државите се чувствителни во врска со правата и безбедноста (сега уште повеќе по Викиликс и Едвард Сноуден). Поединците и интересни групи се загрижени заради приватноста и комерцијалната злоупотреба на личните податоци. Истражувачите се загрижени околу предвременото објавување на истражувачки податоци, и заради етиката за отвореност кога до информацијата се доаѓа под закрила на анонимност. Секое од овие претставува комплескен пакет од проблеми за нашите лични права.

Отвореноста е исто така централна за продолжување на развојот на учењето и предавањата. Кога Мукс беше во центарот на медиумското внимание во 2013 година, иновацијата на „превртената училница“ – кога учениците завршуваа со предавањата и пред лекциите да бидат предадени за да си добијат слободно време заедно со своите наставници – брз оди напред, често ставајќи ги социјалните медиуми во центарот на дизајнирање на ваквите предавања.

Нашите универзитети се создадени од принципите на недостаток и затвореност: ограничен пристап до библиотеки; посебно знаење кое може да се добие само со следење на предавања во амфитеатри; затворени групи на стипендии. Денес се подлабко зануркуваме во дигиталните информации кои се достапни скоро секаде, со помош на програми и ефтини направи кои знаат каде се наоѓаме. Учењето и предавањето имаат за цел создавање свесност за овој здивен отворен свет, со сите негови можности и се повеќе опасности.

Специјалистите по дигитални технологии се важни на секој универзитет; ни требаат за да ги одржуваат системите да работат и за да ги следат новите иновации за кои ќе треба инвестиции и промени на начинот на кој работиме. Но стратешките и етички прашања кои произлегуваат од брзите и сеопфатни предности во дигиталните технологии – а посебно отвореноста и последиците од неа – се отвараат пред секој кој е на раководна функција, без разлика дали е тоа претседавачот со академските програми, деканот или неговиот заменик. Сите универзитети се сега дигитални и сите истражувања и предавања ќе се обликуваат соодветно со несопирливите технолошки промени.

Извор: Гардијан, МИА