Зорица Нушева доби награда за „Најдобра актерка“ за улогата на ,,Петрунија” на „Festival de Sevilla“

Актерката Зорица Нушева освои ново меѓународно признание за својата улога во филмот „Господ постои името и е Петрунија” на режисерката Теона Митевска.

Станува збор за наградата што ја доделува „Festival de Sevilla“, каде Нушева се закити со статуетка за најдобра актерка.

,,Ви благодарам од дното на својата душа, благодарам за оваа чест, навистина неверојатно, наградата навистина многу ми значи. Се надевам дека сите во ова време на криза сте безбедни. Да бидеме паметни, останете дома, бидете безбедни”, вели Нушева преку онлајн порака по веста за добивањето на наградата.

https://www.instagram.com/p/B-PjXnjnhwc/?igshid=1a6roofq2egrw

Филмот „Господ постои името и е Петрунија“ се прикамуваше на бројни меѓународни фестивали и собра повеќе признанија.