ЗОО Скопје: Морскиот лав се задушил со камен фрлен од посетител

Морскиот лав Аби, кој неодамна почина во Зоолошката градина во Скопје, голтнал камен по што му се затнале хранопроводот и желудникот, соопшти денеска на прес конференција директорот на скопската Зоолошка градина, Дане Кузмановски.

Каменот, истакна Кузмановски, бил фрлен од посетител, а при обдукцијата во телото на морскиот лав е откриен и федер. Аби беше донесен од Загреб заедно со уште еден морски лав во септември 2015 година. Во ЗОО Скопје изминативе четири години починаа и жирафа, една лавица, а неодамна и мајмунчето Дино.