ЗНМ: Акцијата за солидарност со Фокус е успешна

Aкцијата на ЗНМ за солидарност со колегите на Фокус е успешна. За помалку од десет дена на нашата жиро сметка се собрани најголемиот дел од потребните девет илјади евра, колку што колегите треба да му исплатат на директорот на УБК, Сашо Мијалков, како надомест за нематеријална штета за клевета, изјави денеска на прес конференција претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

ЗНМ: Акцијата за солидарност со Фокус е успешна

Уредничката на Фокус, Јадранка Костова и ЗНМ им се заблагодарија на сите новинари и на сите граѓани кои во изминатите десет дена донираа за новинарите на Фокус. Костова потенцираше дека е особено задоволна што акцијата е успешна, и покрај тоа што поголемиот дел од медиумите ја игнорирале веста за солидарната акција.

– Зајакнува солидарноста меѓу новинарите и расте поддршката на новинарите од македонскада демкократска јавност. После ова акција сме посилни и поединствени во заштитата на основните демократски вредности. Успехот на акцијата е силна порака дека новинарите нема да се скршат лесно со закани и високи казни затоа што ја имаат подршката од колегите и на јавнста. Денеска се здруживме околу колегите на Фокус, а утре ќе бидеме обединети околу секој новинар на кој ќе му е потребна нашата поддршка, рече Селмани.

Акцијата за солидарност со Фокус ќе трае до понеделник, бидејќи останува уште малку за да се достигне сумата од девет илјади евра. Сите оние кои сакаат да донираат може да уплатат средства во рамките на нивните можности на следната жиро сметка:

ЗНМ Солидарен Фонд: 300000003296484
Комерцијална банка
Цел на дознака: Донација за новинарите на Фокус
Оние кои сакаат да донираат преку електронско банкарство во делот кој се однесува на повикување на број потребно е да стават било кој број, пример „1“.