[инфографик] Значењето на боите во дизајнот на логоата

Кога дизајнираат лого за својот бизнис, важно е компаниите да го земат предвид начинот на кој луѓето ги толкуваат боите. Прашањето кое мораат да си го постават гласи: Каков вид на емоција сакам да пренесе мојот бренд?

Следниот инфографик од  компанијата за дизајнирање Logo Company,  ни помага јасно да илустрираме какви емоции предизвикуваат определени бои преку примерот на логоата на врвни брендови. Психолозите истражиле како боите влијаеле на луѓето низ годините и пронашле цврста врска помеѓу боите и емотивните реакции. Дошле до заклучокот дека избирањето на соодветната боја е од суштинско знаење во определувањето на начинот на кој луѓето ќе гледаат на одреден бренд.

На пример, рестораните како Мекдоналдс, Пица Хат, КФЦ, Вендс и Попајс користат црвена боја во нивните логоа за да стимулираат глад. Црната, белата, сребрената и златната боја се користат често во логоа на луксузни брендови како што се Шанел, Прада, Мајкл Кор и други за да го зголемат чувството на софистицираност. Ако се водиме според ова, логото на Радио МОФ, со неговата портокалова нијанса, испраќа пријателска и оптимистичка порака.