„Злоупотреба на моќта“ – документарен филм за убиството на Мартин Нешковски

Во овој  получасовен документарен филм, чија тема е случајот со убиството на младиот Мартин Нешовски, се илустрира слабоста на системот која овозможува злоупотреба на полициската моќ.

„Злоупотреба на моќта“ - документарен филм за убиството на Мартин Нешковски

Во филмот зборуваат сведоци на бруталното убиство, народниот правобранител Иџет Мемети, членови на движењето „Стоп за полициската бруталност“, експерти, правници, криминолози и жртви на други случаи на полициска бруталност. Автор e Мери Јордановска, а продуцент Борјан Јовановски. Според авторката, портпаролот на МВР Иво Котевски и министерката Гордана Јанкулоска одбиле да дадат изјава во камера и испратиле само писмен одговор.

Извор: Нова ТВ