Сатиричната драма за уметничкиот свет „Плоштад“ (The Square), ја освои Златната Палма на овогодишниот Кански фестивал. Филмот, во режија на Швеѓанецот Рубен Остлунд, раскажува за директор на музеј кој очајно посакува успех на неговата галерија и за да ја промовира поставува нова уметничка инсталација наречена „Плоштад“.
Филмот доби позитивни критики по неговите први прикажување на 19-ти мај. Критичарот на Гардијан, Питер Бредшоу, во својата рецензија вели дека „Плоштад“ створил „чуден и скандалозен спектакл“.
Шведскиот режисер Остлунд е најпознат по неговиот претходен филм „Force Majeure“, кој исто така се како тема ја има вината на припадниците на средната класа. Главните улоги во филмот ги имаат Елизабет Мос и Доминик Вест, како и прославениот експерт за животински движења Тери Нотари, како перформер кој имитира мајмун.
Победата на „Плоштад“ доаѓа како мало изненадување, бидејќи вниманието главно беше фокусирано на филмовите „Loveless“ на Андреи Звиганцев, за жена која е во потрага по својот сопруг загубен во рускиот затворски систем, како и „120 Beats per Minute“ на Робин Кампиљо, за француски Акт-ап активист против епидемијата на СИДА. Овие два филмаги освоија гранд-при и наградата од жирито, кои се неофицијални награди за второ и трето место на фестивалот.
Жирито, кое го предводеше шпанскиот режисер Педро Алмодовар, даде две награди на трилерот на Лин Ремзи – „You Were Never Really Here“, за најдобро сценарио и за Жоакин Феникс, како најдобар актер.
Наградата за најдобра актерка ја доби Дајан Кругер, која играше жена која бара одмазда за убиството на нејзиниот маж во терористички напад во филмот „In the Fade“ на режисерот Фатих Акин.
Софија Копола стана само втората жена која ја добила наградата за најдобар режисер на фестивалот за нејзината адаптација на „The Beguiled“.