„Златна палма“ за филмот „Јас, Даниел Блејк“ на британскиот режисер Кен Лоуч

Добитник на наградата „Златна палма“ на 69. издание на Канскиот фестивал е филмот „Јас, Даниел Блејк“ на британскиот режисер Кен Лоуч.

Лоуч по втор пат ја добива најпрестижната награда во Кан, која му ја врачи актерот Мел Гибсон.

Филмот зборува за борбата на малиот човек со ситемот односно напорите на столарот Даниел Блејк да добие надомест во Британија по претрпениот инфаркт.

Наградата за најдобра машка улога ја доби иранскиот актер Шахаб Хосеини за филмот „Трговец“, а за женска, Жаклин Жозе од Филипини за филмот „Ma rosa“.

Наградата за најдобра режија ја делат Романецот Кристијан Мунџија за филмот „Матура“ и Французинот Оливие Асајас за „Личен купувач“.„Трговец“ исто така, доби и награда за најдобро сценарио.

Ксавиер Долан од Канада, го освои Гран прито на фестивалот за филмот „Тоа е само крај на светот“.