„Златен лав“ за венецуелската драма „Од далеку“

Венецуелскиот режисер Лоренсо Вигас, со својот филм „Од далеку“, ја освои наградата „Златен лав“ за најдобро остварување на 72. Венециски филмски фестивал.

Вигас наградата и ја посвети на својата земја, која минува низ период на политичка и економска нестабилност.

Наградата за најдобра режија ја освои, исто така, јужноамерикански режисер, Аргентинецот Пабло Траперо за трилерот „Клан“.

Наградата на жирито ја освои американскиот тандем Чарли Кауфман и Дјук Џонсон за анимираниот филм „Аномализа“.

За најдобра актерка на Фестивалот е прогласена Италијанката Валерија Голино за улогата во семејната драма „За твоја љубов“, а за најдобар актер е прогласен Французинот Фабрис Лукини за улогата во филмот „Хермелин“.

Најстариот филмски фестивал во светот траеше 11 дена во кои на црвениот килим прошетаа голем број филмски ѕвезди меѓу кои, Цејк Гиленхалд, Кристен Стјуарт, Тилда Свинтон и Џони Деп.