Зимски бесплатен пазар во „Дуња“

Оваа недела (20 јануари) социјаниот центар „Дуња“ повторно прави настан за бесплатна размена.

„Идејата е едноставна: донесете предмет кој не ви треба (алишта, прибор, било каков предмет кој би можел да биде корисен за луѓето – ве молиме само испрани алишта и без неупотребливи работи) и земете си што сакате, бесплатно!“, соопштува „Дуња“.

„Зимскиот бесплатен пазар“ ќе се одржува од 14 до 17 часот.

Од „Дуња“ потенцираат дека се’ што ќе се донесе, а нема да се земе до крајот на настанот, ќе биде донирано на Клиниката за токсикологија која моментално згрижува бездомници.