Зимска школа: АРТивизам против корупција

Национален младински совет на Македонија со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, објави повик за учество во „Зимска школа: АРТивизам против корупција“ која ќе се одржи од 26 до 29 февруари надвор од Скопје.

Фокусот на школата ќе биде запознавање со методи за детектирање на корупцијата во одредени сегменти и развивање на вештини кај младите за посочување на истата низ креативни начини. На „Зимска Школа“ можат да се пријават сите млади (15-29) од следните региони: Југоисточен, Југозападен, Пелагонија и Скопски регион.

Програмата е поделена во два дела. Во првиот дел учесниците ќе бидат дел од „Зимска Школа-АРТивизам против корупција“, во вториот дел ќе имаат можност да реализираат иницијативи врз основа на стекнатите знаења од школата.

Овој проект ќе ги запознае младите со методи за спречување корупција преку организирање работилници, јавни дебати и кампања на социјалните мрежи со цел да се предизвика општествена одговорност и да се охрабри активно учество на младите во спречувањето на корупцијата. Присуството на корупцијата во државата влијае на животите на младите луѓе, ги ограничува нивните професионални аспирации, и ги присилува да мигрираат надвор од државата.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 17 февруари на следниот ЛИНК.