„Ѕид на плачот“ на Широк сокак во Битола

Цивил – Центар за слобода и Работната група за човекови права – Битола во сабота  (22 февруари ) напладне ќе постават „Ѕид на плачот“ на Широк сокак во Битола.

Ѕид на плачот на Широк Сокак во Битола

Граѓан(к)ите на Битола и регионот се поканети да споделат искуства и информации за дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи. Во рамките на проектот, Цивил подготвува опширен извештај за состојбата на човековите права и слободи во Македонија. Информациите кои ќе бидат споделени на Ѕидот на плачот, ќе најдат свое место и во Извештајот чие објавување е закажано за 7 март.

Овој настан е во рамките на проектот „Избери демократија!“ посветен на јакнење на јавната свест за човековите права  и солидарноста. Проектот е поддржан од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, имплементиран од Фондација Отворено општество – Македонија.