Ѕид на нееднаквоста во Тетово

Цивил – Центар за слобода и Работната група за човекови права – Тетово (РГЧП) утре ќе постават Ѕид на нееднаквоста пред Центарот за култура во Тетово, со почеток во 12 часот.

Ѕид на нееднаквоста во Тетово

Граѓан(к)ите на Тетово и регионот се поканети да споделат искуства и информации за дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи. Овој настан е во рамките на проектот „Избери демократија!“ посветен на јакнење на јавната свест за човековите права и солидарноста.

Во рамките на проектот, Цивил подготвува опширен извештај за состојбата на човековите права и слободи во Македонија. Информациите кои ќе бидат споделени на Ѕидот на нееднаквоста, ќе најдат свое место и во Извештајот чие објавување е закажано за 7 март.

Проектот е поддржан од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, имплементиран од Фондација Отворено општество – Македонија.