Журка во клуб или забава на отворено – дел од музичката програма во Скопје за Нова година

Годинава во Скопје за дочекот на Новата година се организираат две забави на отворено. Журки се прават и во поголемите клубови низ градот, а како поголеми се најавуваат вечерашната забава во „Метрополис арената“ на Скопски саем, како и таа во СРЦ „Борис Трајковски“.

Град Скопје, заедно со Т-Мобиле и Т-Хоум, организира забава на плоштадот Пела која ќе започне во 21 часот, а ќе ја водат Сашко Коцев и Маријана Станојковска. Според најавената програма први ќе настапат Саунд Месинџерс, односно Ерик Фокс и Симона Поповска. По нив на бината ќе застанат Маја Панчева, Мустафа Имери, Даниел Кајмаковски, Куку Леле, Есма Реџепова-Теодосиевска, Сузана Спасовска, Наум Петрески. По нив , на полноќ ќе запее Елена Ристевска, додека забавата ќе заврши со настапот на Дани до 1 часот по полноќ.

-540x398Општина Центар најави спектакуларна и урбана новогодишна прослава „Град во Градот 2“ која која ќе се одвива на локацијата на сквер „Јадран“ во Скопје. Новогодишната вечер ќе биде отворена со настапот на македонската група „ДНК“, а врвот на забавата се најавува со позитивната дружина „С.А.Р.С.“ кои подготвуваат специјален настап за скопјани. Сцената на полноќ ќе ја преземе балкански рок состав на денешницата „ВАН ГОГ“ кои најавуваат „најлуда журка“.

„Суперхикс“ и „Пеперминт“ во „Метропoлис Арена“ за Нова година

И „Метрополис Арена“ веќе е подготвена за пречекот на Новата 2015. година. „Суперхикс“ и „Пеперминт“ ќе бидат дел од новогодишната вечер во „Арената“, заедно со Самоил Радински, Гоце (САФ) и „ЛД Пистолеро“.

Легендарното италијанско транс-дуо Max Lanfranconi & Maurizio Beggoti, пак ќе ги претстават двата студиски проекти „Еtnika & Pleiadians“ пред посетителите во СЦ „Борис Трајковски“. На журката свој сет ќе има грчкиот диџеј Wingman, а домашната поддршка доаѓа од „Galactic Explorers“ и диџеите KOX и ALBIORIX.

Во Капан ан пак е најавена новогодишна резидент забава која ќе трае 10 часа и каде ќе настапт диџеите од Btkrsh колективот со „најразноразни“ музики (bass / dnb / techno / electro / house / idm…).