Журка со „Tale Of Us“ на Средно Водно

Win Music Freedom го носи популарното дуо „Tale Of Us“.

Журката ќе се одржи на 15 септември на Средно Водно.

Локална поддршка ќе дадат македонските диџеи Ана Мало, Никифор и Балоски.

Организаторите информираат дека има 300 лимитирани карти од 800 денари. На претпродажба ќе чинат 1000 денари, а на влез 1200 денари.

„Tale Of Us“ е уникатно електронско дуо од Берлин, составено од Кармин Конте и Матео Милери.

По успехот што го добија со компилацијата „Afterlife“, лани дуото го објави нивниот албум насловен „Enter Endless“, кој нуди амбиентално-класичен звук.