„Жива библиотека“ во Скопје

Лице со Даунов синдром, Ром – продавач на магазинот „Лице в лице“, феминистка, личност со хендикеп, веган, млада активна личност ќе бидат некои од „книгите“ што скопјани ќе имаат можност да ги запознаат на настанот „Жива библиотека“ што ќе се одржи на 27 ноември во 15:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Жива библиотека“ е отворен јавен настан на кој посетителите ќе можат да се запознаат со книга што има интересна животна приказна. Главната цел на настанот е да се предизвикаат нашите сфаќања и стереотипи и да се отвори простор каде секој ќе се запознае со книга што може претставува некоја група која се соочува со дискриминација во општеството, книга со различен поглед на светот. Концептот на настанот е неформален, така што посетителите слободно можат да поставуваат секакви прашања што ќе им паднат на памет затоа што „книгите“ се спремни за разговор.