„Жива библиотека“ во Јавна соба

Жива Библиотека претставува иновативен концепт, кој воведува интереакција меѓу луѓето како алатка за намалување на предрасудите и стереотипите во нашето општество. Настанот ќе трае два дена во просториите на Јавна Соба на 5 и 6 декември, од 15:00 до 19:00 часот.

„Секој од нас може да претставува книга, поради тоа што сите имаме приказна која можеме да ја споделиме“, посочуваат организаторите на Жива библилотека.

На овој настан се овозможува колектирање на луѓе кои сакаат да ја споделат својата приказна. Еден на еден, на неформален начин посетителите ќе имаат можност да ги постават своите љубопитни прашања.

Целта е преку лична конфронтација, да се зголеми меѓусебното разбирање и да се намалат предрасудите на забавен начин.