79 жители од поплавените подрачја кои настрадаа во Скопје, во август минатата година, треба да го напуштат студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ и да се вратат во своите домови, пишува Алсат-М.
Според министерот Ибрахим Ибрахими, само две семејства ќе бидат сместени во центарот „25 Мај“ кој е во надлежност на ова Министерство, бидејќи според него, непотребно е и натаму да се трошат средства за престој на жителите во студентскиот дом. Тој увери дека никој нема да остане надвор на улица.
Директорот на домот „Томе Стефановски Сениќ“, Лулзим Џемаили вели дека одлуката е донесена вчера и тој ќе треба да ја почитува.
„Лицата кои ќе останат во вашите устаови за кои со писмен допис од 04.04.2016 (четврти април) не известувате дека нема да преземете никакви активности кон нив, Ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика согласно заклучокот на Владата на Република Македонија од деведесет и третата седница одржана на 08.02.2017 (осми февруари), не е во можност да ги покрива трошоците за престој на овие лица во вашите установи“, стои во дописот на Министерството до студентскиот дом.
Поплавените стравуваат за својата егзистенција и апелираат до Владата да им помогне и бараат продолжување на рокот за престој.
За време на поплавата беа уништени стотици домови, а 22 лица починаа.