Жителите на Вухан ќе ги тужат властите поради смртните случаи од коронавирусот

Владата е обвинета поради криење на заразата.

Скоро 10 месеци откако коронавирусот за првпат се појави во кинескиот град Вухан, жителите ќе ја тужат владата поради прикривање на заразата.

Откако Вухан извести за првиот случај, реонот Хубеи бил затворен во карантин повеќе од два месеци – од 23 јануари, до 8 април. Властите се обвинети дека знаеле за заразата неколку недели пред да започне нејзиното ширење.
Жанг Хаи пополнил тужба поради смртта на неговиот татко, кој починал откако се заразил со ковид-19 на 23 јануари при посета на болницата каде бил упатен поради ортопедска операција.

„Неговата состојба стануваше се полоша и полоша, а од болницата му направија тест со нуклеинска киселна на 29 јануари, скоро една недела откако тој почна да покажува симптоми на Ковид-19. Резултатите на 30 јануари покажаа дека е позитивен, а на 1 февруари тој почина“, додал Хаи за „Индепендент“.

Во процесот помага и Јанг Жанкинг, кинесеки активист кој живее и работи во САД. Тој им помага на семејствата да формираат тим од адвокати.

„Група на „ВиЧет“ собра околу 40 лица кои сакаат да побараат правда за своите блиски кои починале во пандемијата. Сепа, локалната полиција започна со заплашување на засегнатите за тие да не споделуваат релевантни информации на социјалните медиуми, да не контактираат адвокати и да не зборат со мене“, истакнал Жакинг.

Хаи, нагласил дека неколку пати бил испрашуван од полицијата, а неговите социјални медиуми биле блокирани. Тој на крајот сепак поднел тужба против властите на градот Вухан, градоначалникот на реонот Хубеи и Кинеската државна болница, барајќи компензација од 230,000 фунти.

Неколку дена откако Хаи ги поднел документите во судот во Вухан, тамошен вработен го исконтактирал за да му каже дека неговата тужба е одбиена бидејќи не ги исполнувала критериумите за отворање на случај.

„Судот не ми ни испрати формална копија од одбивањето на тужбата. Мојот адвокат ми кажа дека ваквото однесување ги злоупотребува кинеските закони“, истакнал Хаи.

Хаи поднел уште една тужба во повисокиот суд во Кина, но засега, тој не добил одговор.

Уште четири лица поднеле тужби против властите на Вухан и градоначалникот на Хубеи, барајќи компензации.

Реонот Хубеи беше еден од најлошо погодените делови на Кина, каде имаше 4,512 смртни случаи и скоро 70,000 активни случаи. Животот во Вухан полека се враќа во нормалниот тек, додека смртните случаи ширум светот се ближат до 1 милион.

Извор: Independent