Жителите на Вајоминг протестираат против хомофобичен сенатор носејќи здолништа

Откако сенатор на Вајоминг јавно дал хомофобични коментари за човек кој носи здолниште и „сам си бара да го тепаат“, голем број луѓе протестираат носејќи шарени здолништа.

На 25 април, републиканскиот сенатор на Вајоминг, Мајк Енѕи, пред голема публика составена од средношколци, изјавил дека секој може да биде тоа што сака, но да не го покажува тоа во јавност. Неговиот пример бил дека „знае човек кој носи пачка (здолниште кое го носат балерините) и оди во барови секој петок, а потоа е изненаден што го тепаат“. Додал дека „на некој начин, си го барал“.

Енѕи бил многу критикуван за ширењето на порака на осудување и омраза, како и за хомофобија, поради што официјално изјавил дека му е жал за „неговиот лош избор на зборови“ истиот ден.

Сега, жителите на Вајоминг и луѓе од сите страни на САД протестираат против Енѕи, носејќи пачка во кафулиња, на спортски настани и други места.

Забелешките на Енѕи особено ги погодиле жителите на Вајоминг, кои го паметат бруталното убиство на геј студентот Метју Шепард на Универзитетот на Вајоминг. Инцидентот се случил во 1998 година, а оттогаш државата се бори против злосторства од омраза. Настанот е и инспирација за драмската претстава „The Laramie“, како и за голем број други уметнички дела.