Жителите на „Карпош 4“ со петиција до Општината: Не сакаме плоштад – оставете ни го паркот

Граѓаните од „Карпош 4“ информираа дека до Општината ги доставиле потписите на барањето за поништување на одлуката за изградба на плоштад на зелена површина во нивната населба.karposh-4-peticija

„Сметаме дека изградбата на овој плоштад сериозно ќе ги наруши правата на жителите загарантирани со Уставот (член 43) и начелата загарантирани со член 4 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој, меѓудругото, се предвидува рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните. Бараме Општината, чија должност и обврска е да ги заштитува нашите граѓански права, да има слух за желбите и интересите на жителите и да ја поништи одлуката за изградба на непосакуваниот плоштад. На ваков начин сметаме дека ќе се спречи и непродуктивно трошење на средства, спротивно на интересот на жителите. Во спротивно ќе ги превземеме сите мерки да го спречиме уништувањето на паркот и изградбата на овој плоштад, во согласност на начелата пропишани со Законот и Уставот“, стои во петицијата доставена до Градоначалникот и Советот на Општина Карпош.