Женско писмо: Отворена средба со Лидија Димковска и Румена Бужаровска

Независната иницијатива посветена на промовирање на родовата рамноправност преку поттикнување дебата во јавната сфера „Бори се женски” организира отворена средба со две од највпечатливите македонски авторки – Лидија Димковска и Румена Бужаровска.

Бори се женски

Настанот ќе се одржи вечерва (19 февруари)во Автономниот културно социјален центар со почеток во 20 часот.

Лидија Димковска со многуте домашни и странски признанија за неповторливиот роман „Резервен живот“, како и со нејзините цврсти ставови против секојдневните парадокси што не’ гушат ја одбележа мината година.

Румена Бужаровска е писателка од помладата генерација која во своето писмо сосема ноншалантно ги руши воспоставените стереотипи и нуди нови агли за критичка перцепција на секојдневните доживувања.

„Ќе зборуваме за нивниот пат и достигнувања, за нивните омилени писателки, женски ликови и се’ друго што ве интересира за женското писмо под модераторство на Ана Василева. Потсетете се на збирките раскази „Чкртки“ и „Осмица“ на Бужаровска и на романите „Резервен живот“,„Скриена камера“ како и поезијата на Димковска и дојдете да си направиме муабет со овие две исклучителни жени“, стои во повикот на „Бори се женски”.