Женско „фенси“ велосипедско возење на 23 септември

На 23 септември, жени низ светот повторно ќе ги освојуваат улиците на велосипед, промовирајќи безбедно урбано возење, а притоа облечени „фенси“.

Започнато во турски Измир во 2013 година, „Fancy women bike ride“ прерасна во глобално социјално движење. Движењето во Турција стартуваше како реакција на стереотипите дека мажите се тие што треба да им кажуваат на жените што да прават, како да се облекуваат, како да возат велосипед… Па, по првото возење пред пет години, идејата стана глобален хит.

Се одржува секоја година и досега обедини над 70 градови, во кои жените истовремено вртат педали по улиците и го слават овој ден – насмеани, слободни, самоуверени и свесни.

Централниот град за оваа година на „Fancy women bike ride“ е Милано, но настани се организираат и во Келн, во Берн