„Женска трка“ во недела во Скопје

„Женска трка“ во недела во СкопјеВо недела (14 април) во 10.30 часот во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи „Женска трка“, која е дел од промотивните трки на претстојниот Скопски маратон 2013. Настанот е во организација на Сојузот на спортовите на Скопје, кои со ова сакаат да ја мотивираат жената да се рекреира. Со оглед на фактот дека жените имаат сe повеќе обврски, а сe помалку време за себе, ризикот од заболувања е поголем.

Ова е прва ваква трка кај нас, додека тие се одржуват во целиот свет, асо цел да ја подигнат свеста кај жената за рекреација. Организаторите порачуваат дека никогаш не е доцна да се почне со физичка активност.

На трката ќе учествуваат околу 500 пријавени жени. Една од промоторите на настанот е Весна Kираџиска, актуелна рекордерка на Македонија во полумаратон и најдобро пласирана учесничка на минатогодишниот Скопски маратон. Промоторка е и Искра Јовановска, скопјанката која преку социјалните мрежи “Твитер” и “Фејсбук” ја формира групата “Трчаме заедно”, иницијатива за мотивирање на жената да се рекреира и да води здрав начин на живот.

Извор: Дневник