Женска архива 2.1: МЕМЕ станува ФЕМЕ

По повод Меѓународниот ден на Женските права, во рамките на „Прво па женско”, по вторпат „Бори се женски” утре во МКЦ во 12:00 часот ја организираат акцијата Женска архива 2.1.

Покрај акцијата од претходната година со која се креираа статии на Wikipedia за истакнати писателки, режисерки, теоретичарки и активистки, оваа година „Бори се женски” ќе се обидат да го мемеизираат (односно фемеизираат) интернет просторот преку создавање на мемиња/картички од македонски жени кои влијаат врз и ги менуваат општествените процеси.

„Македонскиот интернет простор и во 2015 година не е имун на мизогинија и сексизам. Праќајте ни предлози за жени што сметате дека оставиле и оставаат трага во нашето општество, или уште подобро, придружете ни се од дома или во МКЦ, подгответе статии, направете феме и ставете ги вашите хероини на Интернет!“, се вели во најавата за настанот.