Жените во Велика Британија ќе имаат пристап до пилули за абортус од нивните домови

Со новиот закон се дозволува моментален пристап до пилули за абортус, а водачите на кампањата се прашуваат зошто новиот закон не е воведен и во Северна Ирска.

Минатата недела, во јавноста проструиле вестите дека властите во Велика Британија се согласиле да воведат пристап до пилулите за абортус од домовите, поради кризата со коронавирусот, но подоцна и дека го власта ја укинала реформата. Дел од јавноста се потпишала на петицијата за повторно воведување на оваа реформа, бидејќи, додека жените се во карантин, немаат пристап до клиниките за абортус.

Но, британскиот Оддел за здравје и социјална грижа денеска соопштил дека ќе ја воведат бараната реформа за да се осигураат дека жените ќе имаат пристап до сервис за абортус од нивните домови, со траење на две години по завршувањето на моменталната криза. Оваа реформа е воведена само во Англија, додека во Шкотска и Велс таа оддамна е стапена на сила. Сепак, уште не е определено на кој начин жените ќе се снабдуваат со овие пилули. Единствено се знае дека потребна ќе е телефонска консултација, а пилулата би била достапна за жените кои се до десетата недела од бременоста.

„Јавната безбедност и пристап до клучните сервиси се нашите приоритети за време на овој тежок период. Ние ги дополнуваме нашите реформи за да им помогнеме на жените кои сакаат да абортираат, но немаат пристап до клиниките. Оваа реформа е моментална и ќе стапува во сила само со претходна телефонска консултација со доктор. За кратко ќе ги објавиме следните чекори за функционирање“, соопштиле властите на Велика Британија.

Според докторката Патриција Лор, потребно е итно разјаснување на оваа реформа за да може веднаш да се воведе пристапот до пилулите.

„Многу жени со несакана бременост моментално не се во можност да ги напуштат своите домови или пак треба да патуваат до другиот крај на земјата за да можат да ја добијат негата, со што се изложуваат себеси, но и другите на непотребен ризик. Со секој одминат ден, жените присилно ги напуштаат своите домови, а тука спаѓаат и оние со дополнителни здравствени проблеми. На жените им е потребна помош, веднаш“, истакнала таа.

Денеска властите соопштиле добри вести, но оваа мерка сѐ уште не е воведена во Северна Ирска и покрај фактот дека на оваа територија, абортусот бил декриминализиран уште во 2009 година. Клиниките за абортус требало да започнат со работа во април оваа година, но сѐ уште не се знае како пандемијата со коронавирусот ќе влијае на оваа одлука, ниту пак како жените во овој период би имале пристап до клиники за абортус.

„Алијансата за избор“, организација која се бори за правото на абортус, поткренала петиција која што бара од ирскиот министер за здравство, Робин Сван, да дозволи пристап до пилули за абортус за жените во карантин.

Извор: Dazed&Confused