Жените во Шуто Оризари сè уште оставени без гинеколог: „Репродуктивното здравје е ставено во ризик“

Помеѓу 8 000 до 13.000 жени се уште немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари. Помина една година откако последниот гинеколог ја затвори својата гинеколошката ординација.

Од иницијативата на жени од Шуто Оризари симболнично одбележа годишнина од немање на матичен гинеколог во нивната општина, така што прикачија банер на локалната амбуланта. Тие се револтирани што за проблемот не се најде решение и сред пандемија со Ковид-19.

„Иако Министерстворо за здравство најави отворање на нова гинеколошка ординација, истата сè уште не е отворена и репродуктивното здравје на жените од нашата општина веќе подолго време е ставено во ризик“, велат од иницијативата.

Оттаму апелираат до Министерство за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување на работа на гинеколошката ординација во Шуто Оризари, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки.

Пред една година д-р Вјолце Мбира која имаше ординација, ја затворила и ја преселила во населбата Сингелиќ. Министерот Венко Филипче тогаш најави дека ќе ги мотивира специјализантите да отворат гинеколошка амбуланта во Шуто Оризари.