Жените работат четири години повеќе од мажите, покажува ново истражување

Млада жена која влегува во пазарот на трудот денес може да очекува да работи во просек четири часа повеќе од нејзиниот колега, за време на својот работен живот, покажува ново истражување.

Времето потрошено од жените во целиот свет на платен и неплатен труд изнесува еден месец дополнителен за секоја година од работното време.

Добротворната организација ActionAid го претстави извештајот на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Извештајот предупредува дека неплатената работа ги ограничува можностите на жените за да ги зголемат своите приходи, да се слушнат нивните гласови во процесот на донесување одлуки и политичките активности, како и одморот.

За да се воспостави рамнотежа, оваа организација бара од владите, особено во земјите во развој каде е поверојатно жените да се засегнати од овој проблем, да овозможат квалитетни услуги за социјално згрижување, еднаква плата и пријателски настроена работна регулатива и да се договори минималната плата, меѓу останатите решенија.

„Нам не ни е намера да сугерираме дека целата неплатена работа, вклучително и неплатената работа за нега, за работи кои ги сметаме за суштински непроценливи активности, како што се љубовта и негата за семејството и децата“, вели Гириш Менон, главен извршен директор на ActionAid  во Велика Британија.

„Наместо тоа, ActionAid верува дека неплатената работа на жената треба да биде признаена, намалена и повторно да се дистрибуира – помеѓу мажите и жените, и помеѓу домаќинствата и државата“, додава Менон.

„Трудот на жената, во и надвор од домот, е од суштинско значење за одржливиот развој и за доброто на општеството. Сепак, тој е потценет и во најголем дел невидлив“, смета тој.

Извештајот покажува дека не е направен доволен напредок за намалување на нееднаквоста, откако минатата година беа договорени целите на ОН за одржлив развој.

Неплатената работа ги вклучува сите активности поврзани со одржување на домаќинство и грижата за другите во домот и заедницата, како на пример – готвење, чистење, собирање вода и огрев во руралните средини, грижата за болните и постарите, учеството во работата на заедницата, во семејни бизниси и волонтирањето.

Според извештајот, жените ќе продолжат да ја искусуваат оваа нееднаквост се додека нивните неплатени работни часови не бидат признаени, намалени и повторно дистрибуирани.

Користејќи ги податоците од 217 развиени и држави во развој, ActionAid го анализирал вкупниот број на неплатени работи кај жените, споредено со мажите. Истражувањето покажало дека во светот, просечниот број на дополнителни часови неплатена работа кај жените во текот на нивниот работен век (до 69 години), изнесува 23 работни години.

Овие проценки не го земаат предвид фактот дека во многу држави во развој, животниот век, а со тоа и работниот живот, често се многу пократки кај сиромашните луѓе, особено кај жените.