„Жените и фотографијата“ изложба во Куманово

Вечерва во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи седмото издание на традиционалната изложба “Жените и фотографијата“.

Изложбата е по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март, а ја организира Фото клуб Куманово. Изложбата е составена од две теми: слободна и жена, а ќе бидат претставени 50-тина фотографии од женскaта фотографска фела од С. Македонија.

Отворањето е закажано во 19:30 часот, а фотографиите ќе бидат изложени до 19 март.