Жени во Мексико повторно протестираа за легализација на абортусот

Демонстрантките кои бараат легализација на абортусот вчера се судрија со полицијата и кон неа фрлаа молотови коктели на улиците на главниот град во Мексико, пренесува хрватски „Индекс“. Учесниците на протестот се собраа за да го одбележат Меѓународниот ден на безбеден абортус, а на себе носеа зелени марами кои станаа симбол на движењето за слобода на избор во Латинска Америка.

Полицијата употреби солзавец, а најмалку еден полицаец беше повреден.

Абортусот е забранет надвор од главниот град и јужната држава Оахака, која го легализираше минатата година. Во остатокот од Мексико, абортусот е забранет, освен во посебни околности, како што е силувањето.