Жена од Тајланд осудена на 43 години затвор поради навредување на монархијата

„Амнести Интернешнл“ соопшти дека ова е најдолгата казна изречена во Тајланд поради навреда на монархијата.

65 годишна жена од Тајланд е осудена на затворска казна од 43 години. Поранешната граѓанска работничка Анчан Прелерт, беше осудена на 87 години затвор, но нејзината казна беше преполовена откако призна дека е виновна за 29 кривични дела. Сега, казната на Прелерт е 43 години и шест месеци.

Прелерт била обвинета поради прекршување на најконтроверзниот и најтешок тајландски закон со кој се штити монархијата, откако објавила видеа со критички коментари за кралската фамилија.

„Денес, судската пресуда беше шокантна и испраќа сигнал дека критиките кон монархијата не само што нема да бидат толерирани, туку исто така ќе бидат строго казнети“, изјавил Сунаи Фашук, тајландски истражувач за „Human Rights Watch“ за локалните медиуми.

Прелерт најпрво била изнесена пред Воениот суд, но била преместена во граѓански суд по изборите во 2019 година.

„Таа може да испрати жалба во два повисоки суда. Владата соошти дека ќе го наметне законот за заштита на монархијата. Сметам дека ќе видиме повеќе и повеќе обвинети бидејќи тоа е трендот кој го наметнува власта“, изјавил нејзиниот адвокат Павин Чумсри.

Од минатата година, забележан е раст на обвинети поради законот за заштита на монархијата кој е воведен во Секцијата 112 од криминалните акти. Претходно, законот бил паузиран на три години. Сепак, законот повторно стапил на сила минатата година, што предизвикало бес помеѓу нацијата и граѓаните кои отворено ја критикуваат монархијата.

Илјадници граѓани минатата година излегле на протест за да го критикуваат кралот и го отворија прашањето за големото монархиско богатство и моќ.

Над 40 граѓански активисти се обвинети од ноември минатата година, а ниту еден од случаите не е изнесен пред суд.

Казната на Прелерт доаѓа откако во 2014 жител на Тајланд беше осуден со четири години казна затвор поради објавување на онлајн статии и поезија кои „ширеле невистини за монархијата“.

Извор: Independent