Жена го тужи Доналд Трамп за сексуално насилство

Една од жените кои изјавија дела биле сексуално злоставувани од Доналд Трамп во вторникот поднела тужба против новоизбраниот претседател на САД.

Адвокатката на тужителката, Глорија Олред, за печатот рекла дека нејзината клиентка ја поднела тужбата вчера. Околу десетина жени претходно го обвинија Трамп за сексуално насилство, а тој категорично ги негираше нивните тврдења. Само една од жените поднесе тужба за време на изборната кампања, но ја повлече откако не сакаше да го открие својот идентитет на прес конференција.

Сите од жените ги раскажаа своите случаи на медиумите, откако „протече“ видео снимка од 2005 година од шоуто Access Hollywood, на која Трамп се фали на водителот Били Буш дека ги фаќал гениталиите на жените, а тие не правеле проблем бидејќи тој е „ѕвезда“.

Олред беше адвокатка на неколку жени кои тврдат дека биле злоупотребувани од новиот претседател. Меѓу нив е и поранешната натпреварувачка на шоуто Apprentice Самер Зервос, порнографската актерка Џесика Дрејк и поранешна учесничка на Мис САД, Темпл Тегарт.

Таа и нејзината клиентка денес ќе одржат прес конференција на која ќе ги откријат деталите на сексуалното насилство на Трамп и тужбата.

Во видеото од 2005 година, кое беше објавено во октомври и предизвика револт и кај Демократите и кај Републиканците, го принуди Трамп да објави снимена изјава пред полноќ истиот ден, за да се извини за она што го кажал на шоуто кај Били Буш.

И покрај обвиненијата, повеќе од 50 проценти од белите жени во Америка гласаа за Трамп на изборите, велејќи дека се волни да гласаат и покрај неговите сексистички коментари и обвиненијата. Сепак, многу помалку жени од малцинствата гласаа за него.