Жан Мишел Жар ќе одржи бесплатен концерт во Ниш во септември

Легендарниот француски музичар и пионер на електронската музика и New Age жанрот Жан Мишел Жар  следниот септември ќе одржи бесплатен концерт во Ниш. Тој ќе настапи во рамките на прославата за 1.700 години од донесувањето на Миланскиот едикт. Бесплатниот концерт не е официјално потврден и најверојатно ќе се одржи во рововите на нишката тврдина. Kако дел од големото одбележување на јубилејот ќе се случуваат изложби, филмови, театарски претстави, книжевни вечери, перформанси итн.

– Врвот и завршницата на проектот ќе се одржи на градското поле со бесплатен влез на 150.000 луѓе – се наведува на страницата за манифестацијата.

Жар е познат по одличните, тематски концерти. Kарактеристичен е спектакуларната атмосфера со ласери и со огномет. Негов најпознат албум е Oxygеne од 1977 година.