Жан Мишел Жар и Едвард Сноуден соработуваат за песната „Exit“

Францускиот пионер на електронската музика Жан Мишел Жар и поранешниот службеник на американските тајни служби Едвард Сноуден, соработуваат за песната насловена „Exit“, која ќе се појави на престојниот албум на Жар „ Electronica Volume II: The Heart of Noise“. Соработката почнала по интервјуто на Жар за „Гардијан“ минатата година, кога праша дали може да добие контакт од Сноуден.

„Кога првпат прочитав за него, ме потсети на мајка ми“, вели Жар. „Таа се приклучи на Францускиот отпор, во 1914 година, кога луѓето во Франција се уште мислеа дека се прекршители, а таа секогаш ми кажуваше дека кога општеството генерира работи кои не можеш да ги поднесеш, мораш да се спротивставиш. Целиот проект „Electronica“ е за двосмислените односи што ги имаме со технологијата: од една страна го имаме светот во нашиот џеб, но од друга страна, ние сме шпионирани постојано. Има песни за еротскиот однос што го имаме со технологијата, начинот на кој ги допираме нашите паметни телефони повеќе од нашите партнери, за видео надзорот, за љубовта во ерата на Tindr. Се чинеше сосема соодветно да не се соработува со музичар, туку со некој кој буквално го симболизира овој луд однос што го имаме со технологијата“.