Зградата на велешката библиотека ќе прерасне во младински центар

Зградата на локалната библиотека „Гоце Делчев“ наскоро ќе биде пренаменета во Младински мултимедијален креативен центар.

Како што најави градоначалникот Аце Коцевски, зградата во иднина ќе служи како простор за локални балетски и фолклорни друштва, како и музичари и младински активисти и групи. Библиотеката, пак, ќе биде преместена во бараката на КУД „Керамичар“ лоцирана во Младинскиот парк, откако ќе биде адаптирана и реновирана.

Инаку, локалната библиотека „Гоце Делчев“ во сегашната зграда е од август 2008, кога беше префрлена од малите простории што се наоѓаа во центарот на градот. Во зградата на сегашната локална библиотека се наоѓа и големата сала „Бели мугри“, каде се одржуваат голем дел од културните манифестациии во Велес.