„ЗЕРКА“ Центар за психотерапија и едукација нуди бесплатна помош за жртви на сексуално насилство

Благородна Димова, психолог од „Зерка“ центарот психотерапија и едукација, испирирана од домашниот случај „Јавна Соба“, но и актуелните обвиненија против познатиот драмски педагог Мика Алексиќ, секој понеделник во следните три месеци ќе одржува бесплатни сесии за девојки и жени жртви на сексуално насилство.

„Како девојка и психолог се чувствувам повикана да напишам нешто во врска со случајот „Јавна соба“ бидејќи очигледно не е затворен, нема некаква разрешница ниту ќе даде некаква завршница, ниту пак некој ќе биде казнет. Не верувам дека постои жена или девојка која не ги преживеа одново траумите од некоја мината случка на сексуално или родово-базирано насилство, било пострашно или еднакво на работите што ги читаме низ медиумите деновиве“ објаснува Димова.

Таа додава дека поразително е да се чуе и последниот фронт на одбрана на сексуалните насилници и патријахатот, како внимателно ја пакува интернализираната мизогинија во разни „исчекувања на истрагата“ и честопати уште поодвартни двојни виктимизирања.